Куманово во жолта фаза
08.07.2015 10:31
| KumanovoNews
Куманово денеска е во жолта фаза и поради високите температури постои опасност по здравјето на луѓето.

Сите граѓани, а посебно ранливите категории треба да се придржуваат до препораките за време на топлотниот бран. Во алертна фаза заедно со Куманово се Велес, Скопје и Свети Николе.
Во Куманово денеска температурите ќе се движат околу 35 степени.