×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановска фирма не испорачала дрва по договор во Здравствен дом во Виница

    16.01.2018 18:14 | KumanovoNews

    Полициската станица Виница поднесе кривична пријава против М.П.(48) од Виница, вработен во Јавна здравствена установа “Здравствен дом“ во Виница на работно место доктор по стоматологија, поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела несовесно работење во службата  и злоупотреба на службената положба и овластување.

    Кумановска фирма не испорачала дрва по договор во Здравствен дом во Виница

    На 03.11.2017 и 06.11.2017 година од страна на државниот инспектор за шумарство во содејство со полициски службеници  извршени се два инспекциски надзори во Јавната здравствена установа “Здравствен дом“ во Виница, по што било констатирано дека од страна на правното лице од Куманово биле испорачани 229 метри кубни односно 121 метри кубни помалку од договореното.

    Иако согласно одредбите во склучениот договор пријавениот бил должен да ја следи реализацијата на договорот и да реагира кон добавувачот, за да ги отстрани видливите недостатоци на испорачана стока и да ги отстрани истите, тој тоа не го сторил со што директно му овозможил на добавувачот да се стекне со имотна корист од 447.662 денари, на штета на буџетот на јавната здравствена установа “Здравствен дом“ во Виница.

    Пријавениот ја злоупотребил службената положба и овластување, на начин што склучил договори за закуп и за уредување на меѓусебните односи со приватните здравствени установи, при што иако бил должен на приватните здравствени установи кои што имале склучено договори за закуп и за уредување на меѓусебните односи да им ја зголеми цената, тој тоа не го сторил со што го оштетил буџетот на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“-Виница, а со тоа и на Република Македонија за 1.815.000 денари.