„Кумановски акцијаши“ уредуваат парк во Бедиње
Здружението за доброволна волонтерска работа “Кумановски акцијаши“ деновиве започна со просторно уредување на објектот и дворното место на урбаната заедница Бедиње, каде што е седиштето на здружението.

Објектот располага со голем двор кој е запуштен и обраснат со трева.
Со претставниците на урбаната заедница предвидено е ова дворно место да се претвори во мал парк, кој ќе биде ставен во функција на жителите на ова урбана заедница. Поради работните обврски на членовите на здружението, како и високите температури и во наредните денови работите ќе се одвиваат во групи и тоа после 17 часот - изјави Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“.
Од здружението ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да се придружат во овие активности кои се во интерес на граѓаните.