Кумановски камион прегази жена во Краљево
24.06.2015 09:55
| KumanovoNews
Македонски државјанин кој управувал камион со кумановски регистарски таблички, вчера прегазил жена во Краљево, Србија.

Возачот Ќазим Е. (49), со камион марка мерцедес, ја прегазил Љиљана Павковиќ (62), која од повредите починала на самото место. Ќазим излегол од кабината и побегнал, а полицијата се уште трага по него.
Сообраќајната несреќа се случила напладне, на пешачки премин, на една од најфрефентните улици во градот, додека жената се враќала од продавница.