Кумановски танчери ја претставуваа државата на фестивал во Хрватска
Танцовото студио МАК од Куманово, по осми пат како единствен претставник од државата, викендов учествуваше на Меѓународен фестивал „Плесоказ“ во Пожега, Хрватска.

На фестивалот учествуваа околу 500 танчери на модерен, класичен, шоу денс, џез денс, стрит и хип хоп танц, од 46 клуба од 29 градови од Хрватска, Словенија,БиХ, Србија и Македонија.
„Танцовото студио МАК од Куманово секоја година ја има чест да се претстави во најдобро светло како што доликува на еден клуб, кој зад себе брои многу награди на домашна и меѓународна сцена. Оваа година нашето студио се претстави со кореографија на кореографот Игор Шкомац од Србија, кој веќе една година работи како надворешен сораборник. Со истата кореографија на Меѓунареден фестивал „Денс Фест“ во Нови Сад ја освоија првата награда, - изјави Мерилин Стојановски, кореограф.
Манифестацијата „Плесоказ“ трае 17 години во Пожега и претставува значаен дел од културната и туристичката понуда на градот и областа околу него.
„Во рамките на фестивалот имаше пригодна програма за добродојде како и семинари од познати уметници танчери од Хрватска, така да нашите деца имаа можност да учат од професионалци како што се Адријана Барабариќ Певек и Марио Врбанец“, - додава Стојановска.
Студиото работи под водство на кореографот Мерлин Стојановска, Влатко Стефановски и Милош Нинковиќ - кондиционен тренер.