Кумановскиот театар премиерно ќе ја изведе „Идиоти“
17.10.2015 13:31
| KumanovoNews
Кумановскиот театар утревечер во 20 часот на „Денови на комедија“ ќе ја изведе претставата „Идиоти“, по што комедијата во понеделник и вторник во 20 часот ќе игра во театарот.

Комедијата е работена според едночинки на Муза Павлова, а во режија на Мирослав Петковиќ. Асистент на режија е Бојана Краљевска. Во “Идиоти“ играат: Александра Михајловска, Мартин Лазаревски, Владо Дојчиноски и Марко Трајковиќ. Сценографијата е на Бојан Наневски, а музиката е на Боби Серафимовски.