Кумановскиот театар со детска претстава на фестивал во Штип
23.09.2015 09:54
| KumanovoNews
Театар Куманово утре со детската претстава “Пинокио“ ревијално ќе учествува на фестивалот за деца и младинци “Малиот принц“ во Штип.

Претставата е работена според текст на Карло Колоди, а во режија на Бојана Краљевска. Во “Пинокио“ играат: Александра Михајловска, Владо Дојчиноски, Сања Русеска, Мартин Лазаревски , Кети Дончевска Илиќ и Љупчо Хаџи - Стојанов. Претставата ќе се прикаже на третиот по ред Фестивал за деца и младинци во Штип, кој се одржува во Националната установа Центар за култура „Ацо Шопов„ односно во зградата на театарот.