×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските лекари се солидаризираа со скопските колеги

    12.11.2015 15:08 | KumanovoNews

    Кумановските лекари денеска  половина час мирно протестираа, во кругот на Општа болница Куманово со што се солидаризираа со скопските колеги, по инцидентот во кој пред некој ден беше пукано во хирург во Скопје.

    Кумановските лекари се солидаризираа со скопските колеги

    Бараат под итно да се донесе Закон  за заштита на лекарите и здравствените установи 24 часа да имаат обезбедување, да се води поголема контрола кој влегува во болниците.

    За време на паузата мирно протестиравме. Се солидаризираме со лекарите од скопските клиники поради немилиот настан кој се случи пред некој ден, поради понижувачкиот однос кон лекарите и другите здравствени работници и соработници - вели Билјана Анастасовска, претседател на клинички синдикат во Општа болница Куманово.

    Лекарите бараат во болниците да се влегува на еден влез и да се прецизира кога има посети, за да нема постојано проток на луѓе низ болниците.