Курбан Бајрам неработен за граѓаните од муслиманска вероисповест
20.08.2018 14:39
| KumanovoNews
Првиот ден на Курбан Бајрам, утре (вторник), е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.