ЛДП ги повика граѓаните да гласаат за коалицијата на СДСМ
Ивица Костовски од ЛДП, кандидат за советник од коалицијата на СДСМ, ги повика граѓаните во недела на локалните избори да гласаат за програмата „Живот во Македонија-за сите„, и да го заокружат бројот 19.

„Овие избори не се обични избори, овие избори се многу важни за општината Куманово и за Република Македонија. На овие избори, почитувани сограѓани, Вие одлучувате во каква општина и каква држава сакате да живеете. Дали сте за враќање на слободата, демократијата, правдата на сите и живот во Македонија, или за враќање во минатото. Ве повикуваме во недела сите сплотени масовно да излезете на изборите и да го дадете својот глас за коалицијата „Живот во Македонија-за сите„, да го заокружите бројот 19 за нашата носителка Атина Мургашанска и нашиот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски“, - изјави на прес-конференција Костовски, кандидат за советник на коалицијата на СДСМ.