Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Зголемен е бројот на граѓани кои побарале лекарска помош поради скршеници по телото предизвикано од паѓање на лед. Во изминататите неколку дена во Итната медицинска помош обемот на работа се зголемил за 30 насто.
Се работи за повозрасни луѓе кои се здобиле со тешки повреди, како што се скршеници на раце, нозе, глава, колк и итн. Само во мојата смена имаше три потешки случаи каде еден повозрасен маж, шпедитер си го скршил колкот на ногата додека бил на работа на граничниот премин Табановце. Со голема повреда на главата беше донесен и човек од населбата „Перо Чичо“ кој паднал пред куќата, а една жена ги скршила двете нозе додека одела во продавница - вели др. Верди Станоевиќ, началник во Брза помош.
По укажаната лекарска помош од Брзата помош пациентите се префрлаат на Хируршкото одделение на понатамошно лекување. Голем е бројот и на граѓани кои се здобиле со полесни повреди.Лекарите апелираат до граѓаните, особено до повозрасните граѓани да внимаваат каде се движат додека по јавните површини има голомразица.