×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Левица бара решавање на проблемите со аеро-загадувањето

    26.11.2017 11:37 | KumanovoNews

    Партијата Левица бара од новиот градоначалник и општинските советници итно да преземат мерки за регулирање на аеро-загадувањето во Куманово.

    Левица бара решавање на проблемите со аеро-загадувањето

    Тие бараат: стопирање на претераната урбанизација во централното градско подрачје, изградбата на нови паркови и зелени површини, забрзување на процесот на гасификација и намалување на употребата на дрво, јаглен, мазут и информирање и едуцирање на локалното население за предностите од еколошката ефикасност, користењето на јавниот градски превоз и штетните ефекти од загадувањето.

    Во спротивно, Левица стравува дека аеро-загадувањето во Куманово, што подеднакво влијае врз сите граѓани, без разлика на националната, класната, религиозната и политичката определба, ќе стане иреверзибилен процес и ќе остави трајни последици за иднината на нашиот град.

    „Поради загаденоста се зголемува бројот на граѓаните со сериозни пулмолошки и алергиски проблеми, пред се појава на астма, ХОББ, рак на бели дробови. Причините за ваквата состојба се комплексни и не постојат од денес или утре, туку датираат веќе подолго време што само зборува за немањето компас или политичка волја на досегашните градските татковци за спроведување на мерки за санација или ублажување на проблемот со загадениот воздух“, - соопштуваат од Левица.