×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Левица ги повикува кумановци на Првомајски протест во Скопје

    28.04.2018 07:52 | KumanovoNews

    Политичката партија Левица ги повикува граѓаните на Куманово во вторник масовно да присуствуваат на Првомајскиот протест во Скопje.

    Левица ги повикува кумановци на Првомајски протест во Скопје

     „Состојбата во која што се наоѓа работникот и воопшто животниот стандард во Република Македонија, не ни даваат ниту една причина за славење. Први Мај е денот кога работниците бескомпромисно го кренаа својот глас и се изборија за правата кои по природа им припаѓаат. Денес голем дел од тие права не се почитуваат во Р. Македонија иако се загарантирани со законот. Затоа Левица ве поканува на масовен Првомајски протест во Скопје. На Први Мај со почеток од 11 часот кај "Југодрво".  Работници, невработени, хонорарци, стечајци, студенти, осиромашени... приклучете ни се, заедно да се избориме за правата кои неправедно и подмолно се одземени од нас. ПРВИ МАЈ ЖИВЕЕ!, - изјави Сотир Лоловски на прес-конференција.