Левица поднесе листа со кандидати за советници-носител Сотир Лоловски
Огранокот на Левица поднесе листа на кандидати за членови на Советот на Општина Куманово до Општинската изборна комисија(ОИК), за учество на претстојните локални избори.

Левица на изборите ќе настапи самостојно.
„Она што сакаме да го потенцираме пред јавноста е дека, политичката моќ на советот не смее да биде занемарена, бидејќи советот е олицетворение на правото на локална самоуправа чии што носители се граѓаните. Меѓутоа, мора да констатираме дека атмосферата во Советот на Општина Куманово, речиси 26 години е непроменета и неконструктивна за градот и општината. Затоа ние од Левица, чувствуваме обврска, да им понудиме алтернатива на Кумановци во однос на досегашното искуство, односно наместо замена да имаат можност да гласаат за реална промена“, - изјави Никола Крстевски, модератор на Левица.
Носител на листата е Сотир Лоловски, а потоа следуваат Стефан Илиевски, Олгица Димитриевска, Петар Чуриќ, Иван Николовски, Биљана Тасевска, Александар Цветковиќ, Кокица Милковска, Мерлинда Вејсели, Никола Крстевски, Олгица Стефановиќ, Иван Јовановски, Драгица Тасевска, Драган Тасевски, Стефан Денковски, Ангела Богоевска, Никола Лазаровски, Александра Енимах, Катерина Пејчевска, Никица Николовски, Зоран Митевски, Јадранка Младеновска, Богица Илиевска, Трајко Тасевски, Љубе Петровски, Андријана Димковска, Петре Наќевски, Биљана Крстевска, Маја Божиновска, Роберт Димковски, Сузе Костовска, Сретен Костовски и Владимир Митковски.
„Ние, ЛЕВИЦА, како политичка опција, ќе се залагаме за чисто, уредно и безбедно Куманово. Постарите паметат како било, помладите не виделе подобро за да споредат. Ќе бараме идниот, веќе со сигурност нов градоначалник, да одлучува исклучиво во корист на граѓаните, Куманово е на сите, не на малкумина, да овозможиме услови за нормален живот, со разумно искористување на буџетските пари на граѓаните на Куманово, да извлечеме максимум од нашите можности, - изјави Лолоски.