Лицата со попреченост го одбележаа 11 Ноември.
Во основното училиште „Толи Зордумис“ денеска се одржа прослава со која лицата со попреченост го одбележаа 11 Ноември-Денот на ослободувањето на Куманово.

Со музика, игра и песна најавија и прослава на 3 декември-Денот на лицата со хендикеп. Сите овие лица се вклучени во проектот “Образование на Роми и возрасни лица со интелектуална попреченост“ кој се спроведува веќе пет месеци.
Ангажирани се 15 лица, од кои 8 се ангажирани во дневните центри. Се работи за професори по музичко образование, професори по физичко образование, педагози, социолози. Сите тие се уметнички креативно настроени лица со цел да ги мотивираат лицата со попреченост во текот на работењето со нив, на базично описменување и базично образование и тоа е многу успешен метод - вели Фросина Трајковска, општински проектен координатор.
Професорот по физичко, Александар Крстевски вели дека проектот ги дава посакуваните резултати.
Сами можете да забележите дека енормно подобрување има кај децата во секој аспект - рече Крстевски.
Проектот е поддржан од УНДП и општина Куманово.