Лични карти и пасоши ќе се вадат во поранешниот Дом на АРМ
Граѓаните на Куманово наместо во кругот на СВР Куманово, од понеделник патни исправи ќе вадат во поранешниот Дом на АРМ.
Управните служби за издавање на лични карти, пасоши, возачки дозволи, секторот за странци, секторот за оружје и секторот за прекршоци, се сместени во нови реновирани простории во објект на влезот на Куманово.
„Вие знаете дека ови сектори работеа во многу лоши услови. Сега поранешниот Дом на АРМ е целосно реконструиран, а со средства од МВР во послените 6 месеци опремен е со сета потребна техничка опрема. На површина од 800 метри квадратни современо уреден простор, во кој граѓаните ќе можат со задоволство да ги завршуваат своите обврски, но и да се зголеми мотивираноста кај вработените, кои работат токму во овие сектори,- изјави министерот Оливер Спасовски, при денешната посета на Куманово.
Министерот најави дека и во наредниот период ќе продолжи проектот за реновирање на полициските станици и подобрување на условите за работа на полицајците и во 2018 година.