Лимен покрив се урна врз автомобил
21.09.2015 08:22
| KumanovoNews
Во попладневните часови вчера во Куманово, лимен покрив од зграда падна врз автмобил на улицата „Народна револуција“ спроти основното училиште “Браќа Миладиновци“.

Силно невреме вчера го зафати Куманово и кумановско, при што имаше дожд, град и електрични празнења. Состојбата предизвика хаос во центарот на градот. Невремето траеше половина час, а на повеќе места во Куманово имало скршени гранки од силниот ветер. Пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирале во поплавени подруми на улицата “Киро Фетак“.