Лошата година ни го собра медот, се жалат пчеларите
Дваесетина пчелари од градот и регионот, изложија разни видови на мед и пчелини производи, млеч, полен, прополис и восок, на манифестацијата Денови на мед на Градскиот плоштад во Куманово.

Лековитите својства на медот се далеку познати, исто како и квалитетот на кумановскиот мед. Производителите нудат ливадски, бров, багремов и кристален мед, а посебно се цени органскиот мед, за кој е потребен сертификат за подрачјето каде се одгледуваат пчелите.
Цената на медот оваа година е 400 денари и независно што се работи за промотивна саемска манифестација, на сите штандови беше иста.
„Оваа година медот е поскап во однос на предходните години, затоа што има помали количини на мед, поради неповолните временски услови во пролет. Квалитетот на медот не е немален туку само количините. Оваа године е најлоша откако пчеларам, други години сум вадел по 5 тони мед од 120 пчели, а оваа година едвај 500 килограми. Граѓаните го користат саемот да купат мед во поголеми количини, се снабдуваат за цела зима„, - вели пчеларот Милорад Арсовски.
Граѓаните се жалат дека медот е прескап, но производителите на мед не мислат така и сметаат дека имаат реални трошоци според кои ја формираат цената.
На шега, еден од медарите вели: „Кога би знаеле пчелата колку пчеларот е скржав, никогаш не му дала мед.“
Во Куманово има регистрирано околу 150 пчелари, а уште толку не регистрирани.