×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мајка и син осум месеци живеат без струја

    21.12.2017 18:04 | KumanovoNews

    Осум месеци без струја и без елементарни услови живеат мајка и син во центарот на Куманово.

    Мајка и син осум месеци живеат без струја

    Со минимална социјална помош, без доволно храна и греење, Гордана (58) и Дејан (32) Крстевски, оставени се на маргините на општеството.  По многуте премрежија во животот со кои не успејале да се справат мајката останала без работа, а синот станал зависник од дрога.

    „ Живееме со 2000 денари месечно од социјална помош. Тие пари само за леб не стигаат, а не за другите потреби. Останавме без пари поради целата ситуација и сега не можеме да ги платиме сметките што ни се насобраа. Ни ја исклучија струјата пред 8 месеци. Навечер палиме свеќа и седиме во мрак, немаме телевизор, ни радио. Не можеме да се искапеме ни ручек да зготвиме, фрижидерот не работи. Кај кого да одиме, кој да ни помогне? Додека имавме за сите бевме добри, сега сите се откажаа од нас. Откако Дејан тргна по лош пат се повеќе тонеме и сега дојдовме до дното“, - ја започнува својата тажна животна приказна Гордана.

     Во една од собите во куќата, Гордана и Дејан најчесто седат завиткани во ќебиња, бидејќи немаат дрва да го запалат старото ќумбе, а кога не можат да го издржат студот се грејат на трески и отпад од стар мебел.

    Долгот за струја достигнал 100.000 денари и уште 30.000 денари за вода и ѓубрарина. Тие немаат начин да ги отплатат сами, а потреби им се дополнителни средства и за лекување на Дејан, кој сака да се ресоцијализира, но му треба подршка и помош од институциите и хуманите луѓе.

    „Најтешко ми е што на детето не можам да му помогнам и што останавме без струја. Немам пари да го лекувам, а не знаеме ни каде да се обратиме. Дејан да застане на здрави нозе се друго ќе биде полесно“,- вели Гордана и се гуши во солзи.

     Несреќната мајка кажува дека Дејан го одгледала сама од 5 години, откако сопругот ги оставил. Тој бил добро дете до завршувањето на средно училиште, а потоа започнала нивната голгота. Растргната меѓу детето и проблемите останала без работа. До пред три години живееле од пензијата на нејзината мајка, но откако таа починала останале сами без помош и подршка.

    Додека не паднал во канџите на злото Дејан работел како молер, соседите велат дека многу е вреден и добар човек.

    „Душа од човек е, вреден е , добар е за сите ама лош за себе. Уште го знае занаетот само што никој не сака да го викне да работи, се плашат. Заслужува да му пружат уште една шанса луѓето и општеството . Ќе направиме се што е во наша можност да им помогнеме “, - велат соседите, кои и до сега им биле поткрепа.

     Тие ги повикуваат сите добри луѓе, приватни фирми и институции кои сакаат да помогнат да донираат: храна, облека, мебел и парични средства за да се плати дел од долгот кон ЕВН и да им се приклучи струјата пред новогодишните и божиќни празници. Гордана и Дејан да видат дека не се заборавени  и да почувствуваат малку топлина и љубов во нивниот скромен дом.

    Жиро сметка 300097101877875,

    Комерцијална банка

    Гордана Крстевска, Куманово