Мартин Костовски реизбран за претседател на СДСМ Куманово
Мартин Костовски е реизбран за претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.
Костовски да остане на чело на огранокот и во наредните 4 години одлучил лидерот Зоран Заев и највисокото партиско раководство.
„Сакам да се заблагодарам на Претседателот на СДСМ Зоран Заев и раководството на партијата за укажаната доверба и обврска да ми се довери нов четиригодишен мандат да ја водам најголемата општинска организација во Македонија нашата ОО СДСМ-Куманово. Благодарност до сите членови на партијата и моите сопартијци кои учествуваа во оваа внатрепартиска постапка. Куманово ќе остане бастион на СДСМ, силата е во единството“, - изјави Костовски.
Костовски во наредниот период ќе направи свој тим кој треба да добие подршка од делегатите на изборна конференција.
За претседател на кумановското СДСМ конкурираа и Горан Стојковски, Томица Илиќ и Даниел Стојчевски.