×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународниот фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2021” по третпат во Куманово

    06.09.2021 06:12 | Сузана Николиќ

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово, во петок во 19 часот ќе се одржи Третиот меѓународен фестивал
    на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2021”, во организација на Фото-кино клуб “Козјак” - Куманово.

    Меѓународниот фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2021” по третпат во Куманово

    На фестивалот ќе бидат прикажани 10 кратки филмови, кои се наградени за режија, кинематографија, сценарио, а од годинава официјално се доделува и награда за најдобар македонски филм. 

    „Публиката која ќе дојде на фестивалот ќе може да ги види иранскиот „Посета“, награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, филмот „Лека ноќ“ од Гана добитник на наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра кинематографија и „Сведок“ (Иран)  награда „Козјак“ за најдобро сценарио. Македонскиот краток филм „Неонски срца“ режиран од Ана Јакимска е добитник на наградата за најдобар македонски (домашен) филм. Дополнителни филмови кои ќе се прикажат се: „НИМИЦ“, „Кога танцувам, светот трепери“, „Добро, благодарам. Ти?“, „Бонобо“ и „Тивкоста на реката“. Заедно со наградените и официјално селектирани филмови, ќе биде проектиран и краткиот филм „Околу нас“ по сценарио и режија на Стефан Павличек“, соопштуваат организаторите.

    Вкупно времетраење на филмовите е 2 часа и 40 минути.  

    Влезот е слободен, а бесплатните билети посетителите ќе може да се подигнат пред Центарот за култура на денот на фестивалот од 18 часот. Согласно важечките здравствени протоколи, на настанот ќе може да присуствуваат лица кои
    ќе покажат важечки вакцинален сертификат.