Меморијален турнир во мал фудбал во „Перо Наков“
Младите од СДСМ Куманово, викендов по шестти пат ќе го организираат традиционалниот турнир во мал фудбал во чест на нивниот прерано починат сопартиец, Мартин Симоновски-Матрикс.

Натпреварите ќе се одиграат во салата на СОУ „Перо Наков“. Рокот за пријавување на екипите е до утре до 17 часот, во просториите на СДСМ Куманово во поранешната зграда на Комитет или на телефонскиот број 077/585-800. Турнирот ќе биде отворен во сабота во 11 часот, а истиот ден ќе бидат одиграни натпреварите за трето место и финалниот натпревар“, - изјави Мартин Захариев, портпарол на СДММ Куманово.
Организаторите ги покануваат граѓаните да присуствуваат на турнирот и да му оддадат почит на прерано згаснатиот живот на нашиот другар Мартин Симоновски Матрикс.
Најдобрите ќе добијат пехари, медали и фудбалски топки.