×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мерион-травел со ексклузивни понуди и цени за новогодишните празници

    23.11.2017 10:30 | KumanovoNews

    Туристичката агенција Марион-травел од Куманово, нуди ексклузивни аранжмани и цени за новогодишните и божиќни празници.

    Мерион-травел со ексклузивни понуди и цени за новогодишните празници

    Предновогодишни забави, новогодишни патувања, пречек на Нова година во светските метрополи и на егзотични дестинации и зимски одмор, е само дел од богатата понуда на агенцијата.

     Сопственичката Мери Миновска, вели дека интересот за патување е зголемен и ги повикува граѓаните навреме, додека трајат попустите, да резервираат место за посакуваната дестинација.

    „Како секоја година така и оваа збогатена е понудата на туристички аранжмани за Нова година. Како агенција имаме сопствени програми и програми на други туристички агенции. Понудата е огромна и квалитетна. Ќе почнам од организирањето на предновогодишни забави во ресторанот А2 во Врање, цената е 1100 денари со вклучен превоз и комплетна програма. Оваа понуда е од 22 до 29 декември и наменета пред се за фирмите кои организираат предновогодишни забави за своите вработени, но може и индивидуално. Бројот е ограничен и затоа е потребно навреме да се резервира. Оваа понуда ја работиме 4 години и од искуство кажувам дека гостите секогаш биле презадоволни“,- изјави Миновска.

    Доста баран е аранжманот за пречек на Нова година во Белград, по поволна цена од 99 евра. Потоа Прага, Париз, Виена, Рим, Атина, Будимпешта, Милано, Венеција со Верона, Фиренца, Истанбул, Азурен брег, Софија, Нови Сад.

    Од подалечните дестинации се нуди посета на  Дубаи, Израел, Зимбабве, Тајланд, Јапан и многу други. По желба се работи и индивидуален аранжман.

    Празниците и зимскиот распуст на децата, граѓаните го користа за продолжен зимски одмор. И оваа година најинтересни се планинските центри во регионот.

    „Семејните луѓе, главно, Нова година ја прославуваат во зимските скијачки центри. Ќе ги избвојам во Бугарија: Боровец, Банско, Пампорово, Сандански и Велинград. Од Србија: Копаоник, Златибор и Стара Планина. Во Босна: Јахорина. Има заинтересираност и за центрите во Полска и Австрија“, - додава Миновска.       

    До 30 ноември за сите аранжмани и програми има новогодишни попусти. Информации во Мерион-травел или на телефонските броеви: 031/419-146 и 077 60 88 88.