„Мерион-травел“ со ексклузивни понуди за летување
Туристичката агенција „Марион-травел“ од Куманово и годинава нуди ексклузивни и најевтини аранжмани за летување на најатрактивните дестинации.

Грција е најбарана дестинација за одмор поради близината, а најпопуларни цени за семејно сместување има во Ксамил, Албанија. Интерес за летување има и за останатите соседни земји, пред се за морски и планински туризам.
Нема некоја драстична разлика во однос на побарувачката од предходните години, така да најактуелни се Грција и Албанија, Бугарија и Турција со чартер летовите. Имаме голем интерес и за лето на планина, со тоа што се бара Банско во Бугарија, Копаоник и Златибор во Србија, - изјави Мери Миновска сопственичка на „Мерион-травел“.
Од подалечните дестинации на програмата на агенцијата се Северен Кипар и Египет, а актуелна е и програмата „Лето за млади“.
- Во оваа понуда се Скијатос, Крф, Калитеа и Кефалонија. Имаме организирани тури со водич, со посета на плажи и организирана забава за младите, - додава Миновска.
Таа апелира до граѓаните да не чекаат во последен момент да резервираат, биде капацитетите на поатрактивните и поевтини дестинации се пополнуваат, особено во шпицот на сезоната јули и август. Граѓаните на одмор можат да заминат со организиран или сопствен превоз.
Во однос на цените во Грција, од агенцијата велат дека тие се движат во рамките на минатата сезона и нема некое драстично покачување.
Сите информации можете да ги добиете во агенцијата „Мерион-травел“ или на телефонските броеви: 031/419-146 и 077 60 88 88.