Mинистерот Спасовски го оствари неговото гласачко право
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со сопругата, утринава во 9 часот го оствaри гласачко право на гласачкото место во Куманово.

- Ова е историски ден за Република Македонија и секој граѓанин треба да биде среќен што ќе можеме да ги оствариме нашите идеали нашата држава да стане дел од НАТО и Европската унија. Очекувам да имаме мирен ден, да имаме демократска, цивилизирана атмосфера во која граѓаните самостојно ќе ја носат одлуката. Секој граѓанин ќе го каже својот став за Македонија и за иднината на нашите деца - рече Спасовски.
Министерот Спасовски рече дека гласањето почна мирно и без поголеми проблеми, и немало поплaки во МВР.
- Доколку се случи да имаме нарушување на изборниот процесот ќе интервенираме затоа што никој нема право да го загрозува процесот на гласање и никој нема право да врши притисок врз ниту еден граѓанин, којшто сака на демократски начин да го изрази своето граѓанско право. Јас се надевам дека нема да има такви проблеми, туку напротив граѓаните ќе можат самостојно и слободно да се изјаснат на референдумот - рече Спасовски.
Министерот очекува успешен референдум затоа што смета дека овој момент не обврзува сите нас, заради иднината на нашите деца.