Мени

МКК Куманово со победа над Феникс ја заврши сезоната

30.04.2026 11:49 | KumanovoNews

Кошаркарите на МКК Куманово со победа ја завршија сезоната, откако на гостински терен го совладаа Феникс 2010 со 98:92 во последниот натпревар од плеј-аут лигата.

МКК Куманово со победа над Феникс ја заврши сезоната

Кумановци одиграа ефикасен меч и уште во првото полувреме покажаа дека сакаат сезоната да ја затворат со триумф. На паузата имаа предност од десет поени, а иако домашниот состав во неколку наврати се доближи резултатски, избраниците на Марин Докузовски не дозволија целосен пресврт.

Феникс се обиде да го направи финишот неизвесен и во завршницата повторно влезе во игра, но кумановци останаа посмирени во клучните моменти и ја сочуваа предноста за нова победа.

Најефикасен во редовите на МКК Куманово беше Алекса Стевановиќ со 23 поени, а значаен придонес дадоа и Стојан Ѓуроски со 14, Мартин Митевски со 13 и Алекса Радукиќ со 12 поени. Под кошевите повторно сигурен беше Урош Луковиќ, кој средбата ја заврши со 10 поени и 11 скока.

Кај Феникс, прво име беше Лука Савиќевиќ со 22 поени, додека Алберт Метјус постигна 18 поени.

Со овој триумф, МКК Куманово ја завршува сезоната на првото место во плеј-аут конкуренцијата.