×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Млади лидери ќе развиваат граѓански активизам во Куманово

    02.02.2018 10:12 | KumanovoNews

     Дваесетина средношколци се стекнаа со сертификати за млади лидери за граѓански активизам во мултиетничка заедница, откако поминаа обука на неформално образование во ЦИД Академија

    Млади лидери ќе развиваат граѓански активизам во Куманово

    Пофункционален јавен превоз, отварање на младински културен центар и формирање на младински средношколски центар, се само дел од активностите на кои работеа средношколците од Куманово на проектот за младински активизам во мултиетнички заедници на ЦИД Академијата-Програма за млади лидери.

    Проектот траеше една година, а учествуваа дваесетина ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ и „Сами Фрашери“, и средните училиште „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“. Беа организирани повеќе работилници и предавања на кои младите имаа можност да се стекнат со нови знаења, кои ќе ги применат во решавање на значајни општествени проблеми.

    „Особено сме горди што успеавме на продуцираме млади луѓе, коишто во себе имаат потенцијал, имаат големи предиспозиции за напредок, со знаење кое го стекнаа од неформалниот начин на образование. На младите им беа понудени алтернативни начини на дејствување, пред се во делот како можат да бидат активни, општествено одговорни и како да вложуваат во својот напредок за иднината на ова општество“, - изјави Филип Јаневиќ, координатор на проектот.

     Младите лидери своето знаење ќе го пренесат на своите соученици, а ќе продолжат со активностите за развивање на младинскиот активизам во училиштата и локалната самоуправа. Истовремено ќе работат на реализацији и изнаоѓање на решенија на проблемите што ги мапираа во текот на проектот.

     Средношколците се стекнаа со сертификати за млади лидери за граѓански активизам во мултиетничка заедница, а останатите учесници за учество во проектот.

    Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy-NED.