Модна ревија во Центарот за култура
24.09.2015 09:03
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде прикажана модната ревија насловена како “Современата мода инспирирана од модните трендови на 50, 60 и 70 - те години на 20-от век“.

Ревијата ја подготви етнологот Анита Ѓорѓијоска од Музеј Куманово со соработниците Александар Рашковиќ и Филип Митевски. Ќе бидат презентирани 25 модели, женски и машки кои ја отсликуваат модата во Куманово во 50,60 и 70-те години на минатиот век. Оваа ревија е продолжување на проектот “Ала франга“ од лани и ревијата ќе биде прикажана во музеите низ Македонија, во Љубљана, Словенија и во Созопол, Бугарија.