Момче од Куманово претепано во Скопје
27.11.2017 14:10
| KumanovoNews
Во сабота околу 21.30 часот на ул. „Методија Андонов-Ченто“ во Скопје неколку лица претепале 16 годишно момче.

Напаѓачите го удирале со тупаници и клоци во пределот по телото и главата по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Случајот во полиција во 23.15 часот, го пријавила М.Б.(42) од Куманово, која кажала дека нејзиниот 16 годишен син физички бил нападнат од страна на неколку непознати лица.