Момче тешко повредено во сообраќајка
14.11.2017 09:48
| KumanovoNews
А.И.(21) од село Ваксинце е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера на регионалниот пат село Липково-Куманово на местото викано Оризарска чешма.

Момчето управувајќи автомобил „Ауди“, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво.
Возачот бил пренесен во кумановската болница од каде по барање на родителите е препратен во Ургентниот центар во Скопје каде му се констатирани тешки повреди.