×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МОН ургнетно ќе обезбеди средства за реконструкција на училиштето во Агино село

    26.09.2023 13:35 | Оливера Пешевска

    Министерството за образование и наука ќе обезбедни средства за што побрзо да се реконструира училиште во Агино село. Според информацијата МОН веќе ќе се направат измени во програмите, за што поскоро да започне реконструкцијата, најверојатно на почетокот на наредната година.

    МОН ургнетно ќе обезбеди средства за реконструкција на училиштето во Агино село

    „Општината достави комплетна документација и врз основа на истата ќе направиме измена на Планот за јавни набавки за 2023 година, Програмата за капитални инвестиции во основното образование, по што ќе се спроведе постапка за јавна набавка за избор на економски оператор кој ќе го реализира проектот. Активности на терен очекуваме на почетокот на следната година.  Затоа е и неблагородно да се најавува датум, но работите мрднуваат од мртва точка, јавната администрација го врши својот дел од обврските и сега се зависи од предвидените законски рокови, кои мора да се испочитуваат“, велат од МОН.

    Родителите на учениците од Агино село, на првиот ден на новата учебна година, не ги пуштија децата на училиште и  излегоа на протест за да го потсетат Министертсвото дека со години чекаат да се создадат хумани услови за настава во стариот училиштен објект. По состанок и ветување на министерот Шаќири дека ќе се вложи во санација на зградата и хуманизирање на условите, наставата во училиштето започна и сега се одвива непречено.

    Училиштето „Кирил и Методиј“ во Агино село е подрачна единица на централното училиште во Романовце. Изградено е во 1978 година со самопридонес на месното население, а оттогаш како што тврдат жителите „не е закована ни шајка“. Училишната зграда е руинирана, кровот протекува, прозорците се стари, па во училниците има провев, а тоалетот се наоѓа во дворот. Иако реновиран немаат ни вода, ниту електрична енергија поради што тоалетите се неупотребливи.