Мени

МРК Куманово вечерва го пречекува Охрид 

10.02.2026 10:08 | KumanovoNews

Ракометарите на МРК Куманово вечерва на домашен терен го пречекуваат тимот на ГРК Охрид, во натпревар од Супер машката лига. 

МРК Куманово вечерва го пречекува Охрид 

Според моменталната табела, Куманово се наоѓа во долниот дел од пласманот и се бори за опстанок, додека Охрид е трет на табелата веднаш зади водечкиот Вардар и македонскиот претставник во лигата на шампиони Еурофарм Пелистер. Ова ќе биде втор меѓусебен натпревар сезонава меѓу двата тима. Во првиот дуел сезонава бодовите ги освои Охрид, па кумановци ќе се обидат да остварат подобар резултат на овој натпревар.

МРК Куманово за време на зимската пауза направи смена на тренерската позиција, каде што седна српскиот ракометен стратег Александар Радосављевиќ

Дуелот се игра во салата „Перо Наков“ со почеток од 19:00 часот.