Мрши од животни расфрлани на улица
Жителите од населбата „Гоце Делчев“, утринава биле непријатно изненандени кога на улицата „Драган Стопаревиќ” кон булеварот Трета МУБ, пред нивните куќи затекнале расфрлани делови од умрени животни и непријатна миризба.

„Страотната слика ја сочинуваат мртви животни на парчиња расфрлани по улицата, тротоарите и околните не косени тревни површини. Внатрешни органи, животински измет и крв. Ова не е прв ниту последен пат вака нешто да се случува и затекува низ кумановските улици, посебно во градско населените места. Одговорноста за страшната слика која не затече, и за ѓубрето треба да ја понесат одговорните од општината, СДС, ЈП „Чистота и Зеленило” и Дамјановски, кои го претворија Куманово во депонија, - изјави Анета Шандева од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа додаде дека во оваа млада населба дневно гравитираат илјадници граѓани од сите категории меѓу кои и најмлади лица, а ваквата негрижа претставува потенцијален извор на зараза и ги повика надлежните да го исчистат просторот.