×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Муратовски конечно кај стечајците

    28.01.2010 15:51 | KumanovoNews

    Синдикалниот лидер Ванчо Mуратовски, денеска за првпат ги посети стечајците што веќе 55 дена штрајкуваат со глад во Куманово. При тоа тој им вети дека во февруари ќе достави нов Предлог - Закон, кој ќе биде ист за сите стечајци независно од нивната старосна граница.


    Муратовски конечно кај стечајците

    Синдикатот никогаш не се откажал од стечајните работници и технолошки вишок и ќе ја тераме работата до крај.Нема да правиме договори и дилови само за одредена група луѓе, туку со новиот предлог закон сите ќе бидат вклучени без оглед на годините - рече Муратовски.

    Tој најави дека синдикатот ќе изврши силен притисок и ќе организира протести пред Владата, а на премиерот тој му порача да ја повлече изјавата во која тврдеше дека луѓето доаѓаат од приватни фирми и не е надлежен да го реши нивниот проблем.

    Сите овие луѓе работеле во државни фирми кои веројатно по криминален пат се приватизирани и заради тоа потоа ги изгубиле и фирмите и работните места .И затоа изјавата на премиерот не држи и треба да си ја повлече -  изјави Муратовски.

    Освен месечниот надомест до повторно вработување или пензионирање на стечајците, Сојузот на синдикати на Македонија ќе бара од владата и дополнителни мерки, оваа категорија граѓани да биде ослободена од плаќање на некои комунални давачки.

    На прашањето зошто толку долго чекаше да ги посети стечајците, тој одговори дека не му треба политички маркетинг, а стечајците ја имаат нивната подршка бидејќи штрајкуваат во простории на РСС во Куманово.