×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

    15.06.2018 09:41 | KumanovoNews

     Верниците од исламската вероисповед денеска го слават Рамазан Бајрам, празник со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на постот.

    Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

    Рамазан - Бајрам се слави три дена. На првиот ден се одржува утринска молитва - Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.

    Според обичаите, утрото на Бајрам масовно се посетуваат џамиите. Се облекува најубавата облека, верниците си го честитаат празникот и се смируваат скараните. Потоа се доручкува во домашен амбиент во потесен круг на семејството, по што се посетуваат гробиштата, каде верниците се молат за душите на починатите. Дома за најблиските се подготвуваат подароци, се посетуваат постарите, роднините, комшиите... Трпезите се различни, но богати, а покрај слаткото и баклавата, специјално за празникот се подготвуваат традиционални јадења.