×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Музичка опрема запленета на Табановце

    16.11.2015 15:36 | KumanovoNews

    Минатата недела 25 парчиња музичка опрема, засилувачи за гитара, држач за гитара, предаватели и звучници, 1 сет пневматски алат и 1 лап-топ, откриени се при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на  Табановце.

    Музичка опрема запленета на Табановце

    Непријавените производи се пронајдени во багажниот простор на комбето, помеѓу останатите нови и користени производи, 2 нови телевизори, користен фрижидер, 2 нови правосмукалки, 2 нови микровални печки и користена облека,  што возачот ги пријавил за царинска контрола. За сторениот прекршок против возачот е поведена соодветна постапка.