МВР ќе издава лични карти и денеска
29.10.2017 08:33
| KumanovoNews
Одделението за управни работи во СВР Куманово денеска ќе работи и ќе издава лични карти на граѓаните.
Канцеларијата ќе биде отворена од 7:00 до 19:00 часот.
Како што соопшти МВР, барањата за лични карти можеа да се поднесат и одобрат итно заклучно со вчерашниот ден во 16:30 часот.
Денеска, вториот круг на локалните избори ќе работат сите одделенија за управни работи во МВР.