На бензинска пумпа се запалил автомобил
01.09.2018 13:05
| KumanovoNews
На бензинската пумпа на Макпетрол, на автопатот на влезот на Куманово вчера околу 17 часот се запалило моторно возило.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), пожарот бил пријавен во 17.15 часот, по што интервенирала противпожарната екипа и пожарот е локализиран во 17:45 часот.
Нема повредени, а причинета е материјална штета.