На Даштев рид ќе се засадат од 5.000 до 10.000 садници
Во среда на Денот на дрвото на локацијата Даштев рид кај Градските гробишта, ќе бидат засадени помеѓу 5.000 и 10.000 садници.

Од „Шумско стопанство“ велат дека на оваа промотивна површина од 5 хектари ќе се садат чемпреси и црн бор.
Секоја година се садат овие дрвца затоа што се за ниска надморска височина, отпорни се на болести, издржуваат високи летни температури и ниски зимски температури. Овие садници можат да бидат зелен појас таму каде што ќе бидат засадени. Почвата ќе биде подготвена кога ќе стигнат граѓаните да можат веднаш да садат дрвца - рече Весна Темелковска, шеф на расадник во „Шумско стопанство“.
Таа вели дека граѓаните треба да излезат да пошумуваат и да дадат свој придонес во заштита на животната средина.