×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Хрватска и беа доделени 11 милијарди евра по влезот во ЕУ, кажа амбасадорката Баришиќ

    26.09.2018 08:24 | KumanovoNews

    Eвроамбасадорот Самоил Жбогар и хрватската амбасадорка Данијела Баришиќ, вчера вечер учествуваа на трибина „ЕУ за тебе“ во Куманово.

    На Хрватска и беа доделени 11 милијарди евра по влезот во ЕУ, кажа амбасадорката Баришиќ

    Жбогар потсети дека ЕУ е голем подржувач, донатор, трговски партнер и инвеститор во Македонија, но најави дека таа помош ќе биде многу поголема откако земјата ќе стане членка на ЕУ.

    - Вратите на ЕУ за вашата земја се отворени и сега одлуката е на народот. Тоа што го гледа низ прошетките во нашата земја, сите сакаат да видат промена. Сите се нетрпеливи, желни да ја видат таа промена и мислам кога ќе ги почнете пристапните преговори, за коишто се надевам дека ќе почнат следниот јуни, тој процес ќе оди многу бргу напред,- изјави Жбогар.

    По зачленувањето на Хрватска во Европската унија и биле доделени 11 милијарди евра за да го достигне нивото на развој со другите земји членки, откри амбасадорката на Хрватска во Македонија. Таа рече дека сега Хрватска се подготвува за изградба на мост на островот Пељешац, огромна инвестиција која никако не би можеле да ја реализираат без финансиските средства на ЕУ или без фондовите на ЕУ.

    - Вкупниот износ за изградба на мостот е 375 милиони евра. Од како влеговме во ЕУ некаде пред 7 години од самиот почеток ни беа доделени 11 милијарди евра за проекти. Се разбира дека ЕУ може да одвои пари за вас, но вие како земја мора да изготвувате проекти за да дојдете до тие финасиски средства, кои ви се оставени на располагање, - изјави амбасадорката Баришиќ.

     Амбасадорката потсети дека патот на Хрватска до полноправно членство во ЕУ траело 10 години, додека самиот процес на преговори со Хрватска и ЕУ траеле 6 години, во кои добивале безрезервна поддршка од Европската комисија како институција, како и од страна на ЕУ и на сите други земји членки.