×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 30 илјади кумановци го поддржаа договорот за името

    01.10.2018 09:46 | KumanovoNews

    Во Куманово над 30.000 гласачи го поддржале договорот со Грција за решавање на спорот за името на вчера одржаниот референдум.

    Над 30 илјади кумановци го поддржаа договорот за името

    Според резултатите од ДИК на гласање излегле вкупно 33.637 гласачи или 36,29 отсто од запишаните во избирачкиот список. 30.243 гласале „за“ референдумот, а „против“ биле 2.265 гласачи.

    Во Липково вкупно гласале 15.377 граѓани или 60,94 отсто. „За“ гласале 15.275 е додека „против“ биле само 19.

    Во Старо Нагоричане вкупно гласале 791 гласач, а излезноста е 23.49 отсто. „За“ гласале 663 лица, додека „против“ 89.

    На референдумот не беше достигнат потребниот цензус од 50 отсто, бидејќи, според речиси целосните податоци што утрово ги објави Државната изборна комисија, на гласањето излегле само 36,8% од оние кои имаат право на глас.

    На референдумот гласале вкупно 661.393 луѓе, а „за“ гласале 605.016 гласачи или 91.4 отсто, додека „против“ биле 37.312, односно 5,64%..

      Граѓаните на референдумот имаа можност да се изјаснат за прашањето „Дали сте за членство во Европската Унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името помеѓу Македонија и Грција“.