×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наградени најдобриот полицаец и пожарникар во Куманово

    26.12.2017 10:06 | KumanovoNews

    Звонко Деспотовски, полицец во СВР Куманово и Стефан Крстевски, пожарникар во Противпожарната единица Куманово, се прогласени за најдобри во својата професија за 2017 година.

    Наградени најдобриот полицаец и пожарникар во Куманово

    Тие го добија општинското признание за најдобри професионалци во областа на безбедноста, а наградите им ги врачи градоначалникот Максим Димитриевски.

    „Ви посакувам во наредната година да имате помалку работа, а да постигнувате повисоки резултати и да бидете подготвени за сите предизвици кои ве очекуваат. Верувам дека вашите претпоставени градат професионални тимови за делување. Граѓаните на општина Куманово и јас како градоначалник веруваме во вас, се чувствуваме безбедни и благодарни сме што создавате сигурна зедница и сигурна општина Куманово“, - изјави Димитриевски.

    Полицаецот Звонко Деспотовски во полицијата работи 27 години и досега добивал и други награди, но вели дека оваа му е најдрага.

     „Оваа награда ќе ми даде поголем мотив и елан во извршување на понатамошната работа. На младите им порачувам да бидат дисциплинирани, да ги почитуваат наредбите на претпоставените старешини и да имаат поголема соработка со граѓаните„, - изјави Деспотовски.

     За укажаната доверба и награда се заблагодари и младиот Стефан Крстевски, кој во професијата е само 4 години.

    „Сакам да се заблагодарам на градоначалникот,  командирот и сите мои колеги без кои не би можел да стигнам до оваа награда. Таа ќе ми биде мотив во понатамошната работа, во извршување на работните задачи, - изјави Крстевски.

    Како награда за покажаните резултати наградените добија рачни часовници.