×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најмладите започнаа со празнување на 11 Октомври

    10.10.2017 08:25 | KumanovoNews

    Дечињата од градинката Ангел Шајче, утринава го започнаа одбележувањето на големиот празник Денот на народното востание на Република Македонија- 11 Октомври.

    Најмладите започнаа со празнување на 11 Октомври

    Дечињата од големата група заедно со учителките од објектот „Синоличка“ утринава положија свежо цвеќе и испејаа песнички пред бистата на народниот херој „Панче Пешев“.

    „Ове е дел од нашите активности што ги имаме предвидени со програмата во текот на учебната 2017/18 година. Ние традиционално секоја година доаѓаме овде во основното музичко училиште „Панче Пешев“ да положиме цвеќе во чест на празникот 11 Октомври - Ден на востанието на македонскиот народ. Инаку сите дечиња од сите објекти на градинката положуваат цвеќе на најблиските споменици до градинките,- изјави Емилија Томиќ, учителка во големата група во објектот Синоличка, кој се наоѓа спроти градскиот стадион.

     Таа додава дека и покрај тоа што се работи за мали дечиња кои имаат само 5 години, за значењето на празникот учат преку песнички и стихотворби, разни говорни игри со кои се запознаваат зошто се празнува 11 Октомвври.

    Во чест на празникот во секој објект на градинската се прави интерна приредба за децата.