×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намалена месечната карта за зонско паркирање во градот

    30.05.2018 11:57 | KumanovoNews

     Граѓаните и сопствениците на фирми од денеска ќе плаќаат за 33 отсто поевтина месечна карта за закуп на паркинг простор во градот.

    Намалена месечната карта за зонско паркирање во градот

    Наместо досегашните 1500 денари за физичките лица претплатата ќе изнесува 1000 денари, додека за правните лица од 2000 денари се намалуваат на 1500 денари за зонското паркирање.

    Одлуката ја донесе Советот на Општина Куманово на денешната седница на предлог на ЈП „Куманово-паркинг“.

    „Намалувањето на месечните карти се должи на големиот интерес на граѓаните, пред се на оние кои се вработени во јавните институции како што се СВР Куманово, Судот, Општината и сите други кои го немаат решено проблемот со паркирањето. Според сите наши анализи што ги направивме дојдовме до заклучок дека ние како јавно-претпријатие можеме да одиме со ова намалување“, - изјави директорот на ЈП „Куманово-паркинг“ Фадиљ Шабани.  

     Граѓаните кои ќе купат месечен билет можат да се паркираат на било кое паркинг место во градот, и притоа немаат обврска да го препаркираат возилото за одреден период од два часа како што е случајот со дневното паркирање. На овие цени има уште 10 проценти попуст ако се купи 6 месечен билет и 20 отсто за годишна карта.

    Дневна карта изнесува 120 денари, а еден час паркирање во било која од 6. зони во градот изнесува 35 денари.