×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наместо да се украсува градот да се помогне на бездомниците, бара Левица

    14.12.2017 15:08 | KumanovoNews

    Левица бара од локалната самоуправа парите коишто се предвидени за украсување на Куманово да се пренаменат за помош на бездомните и сиромашни лица во градот.

    Наместо да се украсува градот да се помогне на бездомниците, бара Левица

    По информацијата дека Општина Куманово определила 1.722.000 денари за новогодишно украсување на градот, од партијата истакнуваат дека во време на општа бесперспективност и безнадежност, материјална осиромашеност, во време кога воздухот е непрестано загаден, накитениот град нема никого да развесели и усреќи.

    „Наместо да глумиме нормалност, треба да почнеме така да се однесуваме, што значи дека треба да дејствуваме соодветно на реалните проблеми и потреби со кои се соочуваме. Затоа ви предлагаме предвидената сума наменета за украсување на градот да ја пренамените за организирање на прифатилиште, во коешто ќе се сместат бездомните граѓани во овие зимски периоди. Изборот е ваш, или ќе подадете рака кон загрозените и беспомошните сограѓани или ќе ги оставите да презимат во запуштените и руинирани хотели на милост и немилост на студот. Со ова не се решаваат сите проблеми, но ова ќе претставува еден гест на човечност, солидарност и социјална одговорност“, - соопштуваат од партијата Левица.