Нападнале обезбедувачи додека проверувале струјомери
10.08.2018 12:04
| KumanovoNews
Тројца жители на Матејче нападнале вработени во агенција за обезбедување, додека проверувале струјомери во селото.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.З.(40), С.З.(47) и Ф.З.(23),сите од село Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Пред двесетина дена околу 20.10 часот во село Матејче, пријавените се заканувале со оружје, а потоа физички нападнале двајца вработени во агенција за обезбедување, кои вршеле контрола на мерни инструменти за струја, како и еден жител од селото кој се обидел да го спречи нападот.