Наредните денови не очекува топло време
29.08.2015 08:20
| KumanovoNews
Во наредните денови па се до среда, нашево подрачје ќе биде под влијание на стабилна и топла воздушна маса која ќе предизвика претежно сончево и доста топло време, информираат од УХМР.

Особено топло за овој период ќе биде времето во северните и североисточните делови на земјава. Од среда кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста со локален дожд, ретки грмежи и благ пад на температурата на воздухот.
Температурите деновиве во Куманово ќе се движат околу 35 степени.