Наставници од Драгоманце и Крива Паланка работат заеднички проект
Наставници од основното училиште „Христијан Т.Карпош“ заедно со колегите од „Илинден“ од Крива Паланка, работат на проект насловен како „Заедница за учење“, поддржан од УСАИД и Фондација „Чекор по чекор“.

Проектот започна лани и целта е преку размена на искуства, средби, заеднички часови, наставниците да ја подобрат јазичната писменост.
Во среда кај нас доаѓаат наставниците од “Илинден“ од Крива Паланка. Тие соработуваат, разменуваат искуства, а целта е да се подобри нивната јазична писменост. Предавањата си ги држат меѓу себе и ова е наменето за одделенски наставници - рече Стојка Спасовска, директорка на „Христијан Т.Карпош“.
Опфатени во проектот се 10 наставници од училиштето во Драгоманце и 20 од “Илинден“ од Крива Паланка.