Навреме отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане
30.09.2018 08:12
| KumanovoNews
Навреме се отворени сите гласачки места во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричене, за денешното гласање за референдум.

Според претседателот на Општинската изборна комисија, Звонимир Николовски во Куманово на 167 избирачки места право на глас имаат 92.560 избирачи од Куманово.
Во Липково 25.200 граѓани ќе гласаат на 36 избирачки места.
Во Општина Старо Нагоричане, на 38 гласачки места, право да гласаат имаат 3.363 гласачи.