Мени

Навреме почна гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

15.10.2017 07:34 | KumanovoNews

Изборниот процес во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане се одвива непречено и во демократска атмосфера, на сите гласачки места, потврдуваат од општинските изборни комисии.

Навреме почна гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Во Куманово навреме се отворени сите 167 избирачките места, а право на глас имаат 92.639 граѓани.

Нема проблеми со почетокот на гласњето и во општина Липково на 36 избирачки места, а ќе гласаат 25.070 лица.

Сите 37 избирачки места во општина Старо Нагоричане навреме се отворени. Материјалот навреме е дистрибуиран. Во оваа општина право на глас имаат 3.428 лица.